Јанкулоска на конференција во Баку: Нулта толеранција за корупцијата

20.11.2014 14:16

Постои потреба од засилување на казнената политика во делот на корупцијата, за да соодветствува на заканите по нашите земји, нагласи министерката Гордана Јанкулоска на Генералното собрание на земјите членки на Меѓународната антикорупциска академија, што се одржува во Баку, Азербејџан...

Само со „нулта толеранција и строги санкции кон престапниците, може да обезбедиме општество ослободено од корупција и коруптивно однесување“, порача министерката за внатрешни работи Гродана Јанкулоска на меѓународната конференција во Баку.

Постои потреба од засилување на казнената политика во делот на корупцијата, за да соодветствува на заканите по нашите земји, нагласи министерката Гордана Јанкулоска на Генералното собрание на земјите членки на Меѓународната антикорупциска академија, што се одржува во Баку, Азербејџан.

Еден од стратешките приоритети на МВР, е борбата против корупцијата меѓу вработените во полицијата, како предуслов за враќање на довербата на граѓаните, и основен услов за владеење и почитување на законот, подеднакво за сите, нагласи Јанкулоска.

Годинава биле детектирани 19 кривични дела поврзани со давање и примање поткуп, како и со примање награда за противзаконско влијание, за кои биле пријавени 23 вработени.

За „злоупотреба на службената положба и овластувања“ процесуирана е 41 пријава против 71 лице, а во 16 од нив била детектирана корупција од „висок профил“.

Министерката Јанкулоска на маргините од Третата сесија имаше билатерална средба со азербеџанскиот министер за внатрешни работи, Рамис Усубов, кој е и домаќин Собранието.

На средбата на двајцата министри било констатирано дека досегашната соработка меѓу двете земји, како и двете институции, се одвива во нагорна линија пред се  преку заедничката партиципација во разните меѓународни иницијативи и организации, особено Советот на Европа и НАТО програмите.

Двајцата министри утврдиле дека  постои простор за натамошно интензивирање и продлабочување како на билатералната така и на мултилатералната соработка. Било иницирано набрзо да  поптишат Договор за полициска соработка меѓу двете земји во којшто би биле опфатени повеќе сфери на активности од заеднички интерес.