Фудбал

Љубовта меѓу „Старата дама“ и Буфон продолжува

20.11.2014 14:17

Буфон, освои пет титули во дресот на Јувентус во Серија А. Има и уште две титули, кои на Јуве му беа одземени како дел од скандалот во 2006 година, поради местење на натпревари...

Џиџи Буфон потпиша нов тригодишен договор со Јувентус. Во славниот торински клуб тој ќе остане до својот 39-ти роденден. Најдобриот италијански голман љубовта со „Старата Дама“ ја започна во 2001-та година, врската ќе потрае до 2017-та.

„Сакам да продолжам да настапувам на високо ниво. Респектот, кој го има клубот кон мене ме прави горд поради изборот, кој го направив во изминатите 14 години.“-изјави Буфон.

Буфон, освои пет титули во дресот на Јувентус во Серија А. Има и уште две титули, кои на Јуве му беа одземени како дел од скандалот во 2006 година, поради  местење на натпревари. Тој е рекордер во италијанската репрезентација со 146 настапи.