По раскинување, за 5.000 денари, момчето ја уценувал девојката со нивни компромитирачки фотографии
И се заканувал на поранешната 20-годишна девојка дека, доколку не му даде 5 илјади денари ќе објави фотографии и видео со компромитирачка содржина на социјалната мрежа „Инстаграм“ , направени додека биле во врска...

19 годишен скопјанец заработи кривична пријава за уцена и злоупотреба на лични податоци. Судија на претходна постапка му одреди осудневен притвор.
И се заканувал на поранешната 20-годишна девојка дека, доколку не му даде 5 илјади денари ќе објави фотографии и видео со компромитирачка содржина на социјалната мрежа „Инстаграм“ , направени додека биле во врска.
Користејќи ги нејзините лични податоци отворил лажен профил со нејзини фотографии.
Девојката се сретнала со момчето, но тој повторно ја уценувал и физички ја нападнал.
Наташа Гркова-Петрушевска
