Франција и Македонија ја продлабочуваат економската соработка
Прехранбената, текстилната, медицинската и металната индустрија се секторите во кои постои потенцијал за зголемување на соработката меѓу македонските и француските компании...

Преку бизнис-форуми и вопоставување потесни врски, бизнисмените од двете земји сакаат да ја зголемат размената и да го подигнат нивото на француски инвестиции во Македонија.
Очекувањата се, во претстојните години, Франција да се најде меѓу 10-те водечки трговски партнери на земјава, што е своевиден предизвик, бијдеќи сега не е ниту меѓу првите 20.
Прехранбената, текстилната, медицинската и металната индустрија се секторите во кои постои потенцијал за зголемување на соработката меѓу македонските и француските компании.
Претставници од овие компании денеска на бизнис форум во Скопје ги разгледуваат можностите за унапредување на соработката и за зголемување на трговската размена меѓу двете држави која во 2013 година изнесуваше 120 милиони евра.
Според претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во одредени сектори има значаен простор за унапредување на соработката, а 2015 тој ја гледа како година кога ќе се зголеми трговската размена меѓу двете држави.
