Расте бројот на патници на македонските аеродроми
20.11.2014 14:45
Во октомври на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е регистриран пораст од 21.1%, односно минале 107.668 патници...

Расте бројот на патници на домашните аеродроми. Од почетокот на годинава до сега на двата аеродрома се регистрирани вкупно 1.098.636 патници, што е зголемување од 18.1% во однос на лани.
Во октомври на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е регистриран пораст од 21.1%, односно минале 107.668 патници.
Најголемиот дел од патниците, скоро 16 % патувале за Истанбул, 8.4 за Виена, 7.9 за Цирих, а 5.7% за Лондон .
