Леброн трагичар, пораз и на Мемфис

20.11.2014 14:52

Леброн даде скромни 15 коша според неговите критериуми и не успеа да ги реализира последните два напада. „Ја завртев околу грбот и ја загубив. Се случува“, Леброн Џејмс не беше премногу возбуден...

Ен-Бе-А лига. Леброн Џејмс ретко е трагичар, но ноќеска со наведната глава го напушти паркетот во Кливленд каде што неговите „кавалирс“ загубија од Сан Антонио со 92-90. Леброн даде скромни 15 коша според неговите критериуми и не успеа да ги реализира последните два напада. „Ја завртев околу грбот и ја загубив. Се случува“, Леброн Џејмс не беше премногу возбуден. Данкан и Диа го предводеа шампионот Сан Антонио со по 19, а на Кливленд не му помогна ниту Варежао со 23 поени.

Винс Картер се врати во Торонто за спектакуларен пречек од навивачите, но канадскиот состав немаше емоции и го доби натпреварот со Мемфис со 96-92. Дерозан даде 21, а Ловри 18 коша. И покрај поразот, билансот на Мемфис 10-2 и натаму е најдобар во профи-кошаркарската конкуренција. Натпревар помалку и победа помалку има Торонто којшто го преводи истокот.

Во иднината гледаше и Џејсон Кид кој како тренер на Милвоки замина со триумф  од салата на неговиот поранешен клуб Бруклин. Во мечот со неверојатно три продолженија Милвоки се радуваше со 122-118.

Лејкерс тешко влегуваат во форма, но синоќа ја забележаа втората победа по ред и тоа со изненадување кај фаворитот Хјустон со 98-92. Коби Брајант заврши со 29 поени. Првата ѕвезда на Хјустон Џејмс Харден застана на 24.

Индијана го совлада Шарлот со 88-86, Феникс беше подобар од Детроит со 88-86, Денвер се радуваше против Оклахома со 107-100, Минесота беше пресилна за Њујорк 115-99, а Клиперс за Орландо со 114-90. Гостински успеси забележаа и Бостон и Далас. Бостон кај Филаделфија со 101-90, а Далас кај Вашингтон со 105-102.