Заверка на потврди за ортопедски помагала и на истурените шалтери
Во истурените шалтери ќе се заверуваат сите ортопедски помагала, освен оние за кои е потребно мислење од лекарска комисија, а тоа се инвалидските колички, протези, ортози, поправки на помагалата. За сите останати, осигурениците своите права може да остварат во новоотворените подрачни единици...

7.000 здравствени осигуреници кои ќе имаат потреба да ја заверат потврдата за ортопедско помагало од денес не ќе мора да доаѓаат до Центар.
Сите здравствени осигуреници кои ќе треба да направат заверка на своите ортопедски помагала ќе можат тоа да го сторат во истурените канцеларии во Ѓорче Петров, Ченто, Чаир, Драчево и Шуто Оризари.
Во истурените шалтери ќе се заверуваат сите ортопедски помагала, освен оние за кои е потребно мислење од лекарска комисија, а тоа се инвалидските колички, протези, ортози, поправки на помагалата. За сите останати, осигурениците своите права може да остварат во новоотворените подрачни единици.
„За пелените кои се најмасовни за користење, најамасовно ортопедско помагало, заверката се врши еднаш месечно, а на комисија поминуваат еднаш годишно. Значи на лекарска комисија се упатуваат еднаш годишно, а псоле можат да ги вршат заверките секој месец во истурените канцеларии“, рече Зоран Печевски.
ФЗОМ спроведе и обуки на вработените за да ги овозможат новите услуги.
„Затоа се отворени тие истурени единици, да се олесни на самите граѓани и да биде ажурна работата бидејќи тие се болни луѓе и не можат да доѓаат во гужвите“, вели Елисавета Гончаренко.
Со оваа мерка се намалува метежот во скопската подрачна единица, но и се избегнува непотребното патување до центарот на градот.
Лука Андреев
