ОН: Бројот на странски борци во Сирија и во Ирак се зголеми над 15 илјади

20.11.2014 15:33

Генералниот секретар ја повика меѓународната заедница да размисли подлабоко за условите кои му овозможуваат на екстремизмот да напредува...

Бројот на странски борци во Сирија и во Ирак од почетокот на конфликтите се зголемил на повеќе од 15 илјади, а доаѓаат од над 80 земји, изјави Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на состанокот на Советот за безбедност.

„Екстремизмот е мулти-димензионален предизвик кој треба да се спречи. Ние затоа истражуваме како најдобро да ја зајакнеме борбата против тероризмот“, рече Бан Ки Мун.

Генералниот секретар ја повика меѓународната заедница да размисли подлабоко за условите кои му овозможуваат на екстремизмот да напредува.