Тројца ранети во престрелка во универзитетски кампус на Флорида, напаѓачот убиен
20.11.2014 15:39
Се уште не се објавува идентитетот на напаѓачот, а не се познати ниту мотивите за нападот...

Три лица се повредени од кои едно е во критична состојба по инцидентот на универзитетскиот кампус Телахаси на Флорида откако вооружен напаѓач отворил оган во библиотеката.
„Нашите екипи му наредија на вооружениот маж да го спушти оружјето, но тој се обиде да застрела еден од полицајците. Тогаш возвративме со оган. Напаѓачот им подлегна на повредите“, изјави Дејв Нортвеј од полицијата на Телехаси.
Се уште не се објавува идентитетот на напаѓачот, а не се познати ниту мотивите за нападот.
