„Купи куќа, Купи стан“ ги намали каматите на кредитите
„Банкарите велат дека проектот „Купи куќа, Купи стан“ им обезбедува заштеда на граѓаните. Откако се подобрија поволностите за овој проект, интересот за станбените кредити се намали...

Проектот „Купи куќа, Купи стан“ ги урна каматните стапки на деловните банки. Сега таа изнесува 3 проценти и се однесува за првите три години од исплатата на кредитот.
„Банкарите велат дека проектот „Купи куќа, Купи стан“ им обезбедува заштеда на граѓаните. Откако се подобрија поволностите за овој проект, интересот за станбените кредити се намали.
Ако се направи статистика за само неколку години каматните стапки паднаа од 8 на 3 проценти. Оваа каматна стапка се однесува за првите три години од исплатата на кредитот.
Проценките потврдуваат дека проектот „Купи куќа, Купи стан“ покрај ниски камати обезбедува и заштеда. Камата од 3,95% за првите три години од отплатата и 4,4% за следните две и субвенција од половина од ратата или половина од учеството за купување стан и дури 75% од ратата и учеството за купување или градење куќа.
За стан од 50.000 евра, месечната рата изнесува 300 евра, 150 плаќа државата, а остатокот граѓаните. Заштедите се движат од 9 до 14.000 евра. Заради ваквите поволности на „Купи куќа, Купи стан“ зголемен е и интересот за проектот.
Од Министерството за финансии велат дека само во последните три недели пристигнале над 50 апликации.
Досега преку проектот „Купи куќа, Купи стан“ сопствен дом обезбедиле околу 350 семејства.
Дијана Ценевска
