Груевски: Најдоцна до март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово-Гостивар

20.11.2014 16:38

Овој проект е предвидена со Програмата, а е поддржан од Светската банка...

До март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово – Чегране – Брвеница – Гостивар. Потоа ќе се бира изведувач на градежните работи најави премиерот Никола Груевски. 

Овој проект е предвидена со Програмата, а е поддржан од Светската банка. Груевски очекува следната година да почне реконструкцијата и рехабилитацијата на овој патен правец. Во изминатиот период, во овој регион целосно или делумно беа обновени и патните правца Јегуновце – Лешок и Тетово – Пирок – Гостивар.