Груевски: Вториот највисок раст во Европа е потврда за перформансите на домашната економија
Мерките даваат добри резултати, вели Груевски и најави натамошна поддршка на овој растечки тренд, кој помага во отворање нови работни места...

Растот на прометот во индустријата покажува дека остваруваме добри резултати и оти економијата е во добар залет кој и натаму ќе добива поддршка од владата, смета премиерот Никола Груевски.
Според него, порастот на прометот во индустријата за 20,5 проценти во септември годинава во однос на истиот месец лани како и зголемувањето на прометот кон странство за 27,7, е висок и респектабилен пораст.
Мерките даваат добри резултати, вели Груевски и најави натамошна поддршка на овој растечки тренд, кој помага во отворање нови работни места.
Вториот највисок раст во Европа е потврда за перформансите на домашната економија, смета премиерот.
