Пожар остави 70-годишен старец без покрив на глава

20.11.2014 16:52

70-годишен старец од селото Турје, општина Дебарца за нецел час остана без покрив на глава. Пламените јазици му зедоа се што имаше, а тој тешко може да опстане на Илинска планина преку зимата, бидеќи високата снежна покривка го отсекува од цивилизацијата селото во кое живеат само 10 лица. Хуманите луѓе можат да донираат средства подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 075 427 189.

Неисправната инсталација го пеплоса скромниот дом на 70-годишниот, Стојан Божиноски од селото Турје во општина Дебарца. Од соседната куќа тој гледал како пламените јазици го уништуваат неговиот дом, кој самиот го изградил пред повеќе децении.

„Оган не запалив,единствено надвор гореше светилката, поради тоа што жена ми почина. Е во она куќарче отидов, кај комшијата и се случи тоа. Мислам дека светилката го предизвика пожарот“, рече Стојан Божиноски.

Се изгоре, вели дедо Стојан. Не успеав ништо да извадам од куќата, уништена е  целата покуќнина. Благодарение на хуманите комшии тој не е изложен на студот кој владее на Илинска Планина.

Сашо Нелоски