Европската комисија со лежерен став за гласањето недоверба на Јункер
Европската комисија не е вознемирена од иницијативата во европарламентот за гласање недоверба на Јункер. Барањето на крајните десничари ќе бидат на дневен ред на сесијата во идната недела...

„Ние ги почитуваме сите одлуки на демократски избраниот Европски парламент“ - ова е официјалниот став на Европската Комисија, во однос на барањето на крајната десница на Европскиот парламент за гласање на доверба на новиот председател на европската комисија Жан Клод Јункер – за МТВ истакна неговиот портпаролот Мина Андреева.
Иако скандалот со „ЛуксЛикс“ системот за избегнување на данок во Луксембург разработен за време на премиерскиот мандат на Јункер, го потресе официјален Брисел, Европската комисија е со прилично лежерен став по ова прашање. „Треба да му го оставите на парламентот, тоа што му припага“ - истакна на прес конференција потпредесдателот на Европската Комисија Франс Тимерманс.
„Парламентот одлучува врз основа на сопствената агенда. Тие го ставија и ова прашање на агендата. Преставниците на Комисијата ќе присуствуваат на седницата како и секогаш, ќе ја следиме и ќе видиме каде ќе води дискусијата за гласање на довербата“, рече Франс Тимерманс, потпредесдател на Европската Комисија.
Следната недела во Старзбур европските пратеници ќе дискутираат по барањето на британската партија на независност и францускиот народен фронт за изглесување на доверба на Јункер. Еден од аргументите е и дека Луксембург под негово водство бил претворен во пералница на пари во срцето на Европа.
Марина Тонева
