реформи во здравството

Повеќе пари за селските и за новите матични лекари

30.12.2013 17:44

Матичните лекари почетници  наредната година  ќе бидат финансиски стимулирани од Фондот за здравствено осигурување.

За да ги мотивираат да работат во пооддалечените села ќе им исплаќаат дополнителни  5000 денари  на постојната капитација.

,, Од 1 јануари стапува во сила  стимулацијата за секој нов матичен доктор којшто почнува да работи со Фондот,во првите 18 месеци се додека не го изберат доволен број осигуреници,Фондот да му обезбедува редовна исплата од  40 000 денари“. -Вели директорката  на ФЗОМ  Маја Парнарџиева-Змејкова             

За првите три месеци за новите матични лекари  нема да важат задолжителните цели со кои Фондот ги условува за исплата на целосна капитација.

,,Замената на секој матичен доктор ќе може целосно да ги врши најголемиот дел од работите за пациентото кој не може да ги добие услугите од својот матичен доктор.Се олеснува и пристапот на пациентите до ортопедските помагала“-вели д-р Лилија Чолакова-Дервишова-претседател на Здружението на приватните матични лекари

Се менува и казнената политика-наместо раскинување договори,ќе се применува парична казна до 30% од капитацијата што ја исплаќа Фондот.  Електронското  здравство, што целосно ќе се примени во текот на 2014 год., ќе ги намали и  олесни административните процедури за докторите и за пациентите.

,,Лично мислам дека тоа ќе биде многу подобро затоа што на едно место ќе го имате целото хронолошко движесње на болниот“, рече проф.д-р Кочо Чакалароски-претседател на Лекарската комора на РМ

Фондот за здравствено осигурување  најави брза, ефикасна и поевтина комуникација.Склучи  договори со 4000 здравствени установи  за период од наредните  5 години ,а не на една како досега.

Соња Стојановска