СЕХА

Официјализирана казната на Металург

20.11.2014 17:17

Клубот од Автокомада го загуби мечот службено, а ќе треба и да му ги надомести трошоците на Загреб за организација на дуелот...

Откако не го одигра натпреварот од СЕХА конкуренцијата со ППД Загреб, екипата на Металург и официјално е казнета со одземање на еден бод и со 2000 евра. Клубот од Автокомада го загуби мечот службено, а ќе треба и да му ги надомести трошоците на Загреб за организација на дуелот.

Со победи во сите девет меча, Веспрем е прв со 27 бода, Загреб и Вардар имаат по 21 со тоа што хрватскиот првак има еден натпревар повеќе. Татран има 18, а по седум натпревари Мешков Брест собра 15, додека Металург 11 бода.

Следното коло во регионалната конкуренција на 10 декември ќе го донесе дуелот меѓу двете македонски екипи, Металург и Вардар и тоа во СЦ Борис Трајковски.