Над 1.300 функционери на Косово осомничени за вмешаност во корупција

20.11.2014 18:59

Директорот на антикорупциската агенција соопшти дека нема да бидат соопштени имињата поради истрагата, но е одлучен да ја спроведе акцијата до крај...

Повеќе од 1300 високи функционери на Косово се осомничени за вмешаност во корупција. Директорот на антикорупциската агенција соопшти дека нема да бидат соопштени имињата поради истрагата, но е одлучен да ја спроведе акцијата до крај.

Во меѓувреме лидерите на Демократската партија на Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Иса Мустафа постигнаа договор за формирање коалициска влада по петмесечни преговори.