Лига на шампиони

Црвено - црна шампионска сабота!

20.11.2014 19:16

По само седум дена ракометарите имаат можност да му се реваншираат на Веспрем за домашниот пораз во Лигата на шампионите, сега на гостувањето в сабота во Унгарија на коешто ќе бидат без повредените Стојанчо Стоилов и Сергеј Горбох...

Квалитетните екипи и црвните поединци, одличните услови во коишто влегува и стабилната финансиска ситуација, наметнуваат високи цели за вардаровото ракометно семејство.

По само седум дена ракометарите имаат можност да му се реваншираат на Веспрем за домашниот пораз во Лигата на шампионите, сега на гостувањето в сабота во Унгарија на коешто ќе бидат без повредените Стојанчо Стоилов и Сергеј Горбох, но со Илија Абутовиќ кому му истече казната. Амбицијата на вардарци е фајнл – фор, па затоа од јануари екипата ќе биде засилена со шпанскиот десен бек, Хорхе Македа кој во моментов игра за француски Нант, а договори двеиполгодишна соработка со СЕХА првакот.

Вардар загуби дома од Веспрем со 24:23, но во случај на гостинско изнанедување ќе му се доближи на унгарскиот првак на само бод и ќе се врати во игра з апрвата позиција во групата Ц. Мечот во Веспрем почнува во 16 и 30.

Исто така в сабота, но два часа порано ракометарките на Вардар ќе го почнат последниот дуел од првата фаза во групата Б на гости кај Турингер. Црвено – црните дами, уште по четвртото коло обезбедија главна фаза во елитното натпреварување, но завршното гостување во Германија не е неважно. Во счучај на триумф, вардарки ќе пренесат пет бода во новоформираната група во којашто сигурно ќе играат против Динамо Волгоград и Лајпциг, додека третиот противник ќе биде Крим или Хипо. Во првиот дуел со Турингер во Скопје, Вардар славеше со 26:21.