Собрание

На 2 декември ќе се одлучува за мандатите на опозициските пратениците

20.11.2014 19:30

Ова е последниот рок од деловнички утврдените 15 дена за одржување на седницата на Комисијата за мандатни прашања...

На 2 декември Kомисијата за мандатни прашања ќе одлучува за мандатите на пратениците, што повеќе од 6 месеци биле неоправдано отсутни. Ова е последниот рок од деловнички утврдените 15 дена за одржување на седницата.

Првиот човек на Kомисијата, прави консултации со собраниските стручни тела, бидејќи како што вели за МТВ, првпат се соочуваме со ваква ситуација. Николовски ќе побара мислење и од  стручните за управна постапка пред матичното собраниско тело да ја донесе предлог одлуката.

Потоа собранискиот спикер Вељаноски на првата ново закажана седница, одлуката треба да ја стави на дневниот ред. Според Уставот, неоправданото отсуство подолго од 6 месеци е една од причините за одземање на пратеничкиот мандат, за којшто ќе треба двотретинска поддршка од пратениците или 82 гласа.

Виолета Димовска