Потпишан договор за социјална сигурност помеѓу Македонија и Унгарија

20.11.2014 19:37

Македонија и Унгарија потпишаа договор за социјално осигурување и сигурност. Со ова, граѓаните од двете земји ќе можат да ги остварат своите права од областа на социјалата...

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов престојува во работна посета на Унгарија при што оствари средба со министерот за човечки ресурси на Унгарија Золтан Балог.

За време на средбата на двајцата министри  потпишан e Договорот за социјално осигурување и социјална сигурност со кој што ќе се регулираат односите во областа на социјалното осигурување меѓу Република Македонија и Унгарија и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства.

Овој Договор спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”, односно современи европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална  болест, избегнување на двојно плаќање на социјалните придонеси и друго.