Paying taxes 2015: Македонија со најниски даноци во светот

21.11.2014 08:41

Република Македонија има најниска даночна стапка во светот според извештајот „Paying taxes 2015“ што го подготвија Светска банка и консултантската компанија Прајс Вотерхаус Куперс. Со стапка од 7,4 проценти Македонија се најде на 7-мо место од вкупно 189 земји рангирани во извештајот...

И годинава Република Македонија го задржа првото место како земја со најниски даноци со понатамошно намалување на даночната стапка од 8,2 на 7,4 проценти.

Времето потребно за плаќање даноци во земјава изнесува 119 часа и е најкратко време во однос на земјите од регионот од Централна Азија и Источна Европа, додека според бројот на плаќања Македонија се наоѓа на 6-то место.

Земјата ги намали своите плаќања на само седум во споредба со минатогодишните 29.

Во извештајот се укажува дека намалувањето се должи на задолжителното плаќање  ДДВ преку електронски систем како и зголеменото користење на електронските системи за плаќање на данокот на добивка.