Приведен поранешниот градоначалник на Охрид поради криминал со јавни набавки
21.11.2014 09:11
Сомненијата се дека криминалната група се стекнала со противправна имотна корист од над 2 милиони евра...

МВР започна акција во Охрид за расчистување на криминал поврзан со јавните набавки во општината.
Извори од истрагата за МРТ велат дека приведен е поранешниот градоначалник, како и десеттина лица поврзани со криминалот.
Сомненијата се дека криминалната група се стекнала со противправна имотна корист од над 2 милиони евра.
Повеќе информации од МВР најавуваат во текот на денот.
