Зеленчукот на пазарите со повисоки цени од лани

21.11.2014 10:24

Цените на зеленчукот се поголеми од ланските. Иако привршува времето за подготовката на зимницата, понудата на зелените пазари е поголема од побарувачката...

Подготовките на традиционалните специјалитети од зимници се при крај, но на зелените  пазари понудата е се уште голема и разновидна.

Цените на дел од сезонскиот зеленчук, во октомври бележат пораст.

Најмногу поскапеле доматите и црвените пиперки и тоа за една третина повеќе од лани.

Морковите и зелката се плаќаат за 10 проценти повеќе.

Помали цени имаат карфиолот за 30, фефероните 10 и кромидот за 12 проценти.

Во регионот, највисока цена на зеленчукот има во Хрватска, потоа во Црна Гора и Србија.

 

Методија Трајков