Дедо Мраз пристигна со воз

30.12.2013 18:00

И оваа година како и секоја во последните 30, традиционално Дедо Мраз пристигна на железничката станица во Гевгелија. Можеби не пристигна со поларниот експрес, но сигурно пристигна со возот во Гевгелија. Станува збор за новогодишниот карван, кој се организира секоја година, а Гевгелија е единствениот град во Македонија кој го чека Дедо Мраз да пристигне со воз.

И оваа година по 31 пат Пионерскиот дом е организатор на дочекот на Дедо Мраз на железничката станица. Ќе им приредиме на граѓаните една скромна мала свеченост за да ја дочекаме весело 2014 година изјави Милица Стојанова - директор на Пионерски дом - Гевгелија)

Среќа, песни, чоколади, сите со различни желби, го дочекаа најпосакуваниот дедо на светот.

Јас сакам да ми донесе телефон

Многу подароци и здравје

Дедо Мраз да ни донесе љубов, среќа и надеж

Компромис, љубов, почит и разбирање, изгледа подзаборавивме во последните години на тоа. Еве што ни посака Дедо Мраз а и најмладите од Гевгелија во наредната година.

Мили мои, на јужниот крај Гевгелија,  Дедо Мраз пристигна денес расположен, дедо ги сака сите подеднакво, и родителите и своите деца, ви пожелувам среќа, радост во новата 2014 година им посака Дедо Мраз

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА повикаа децата.

Место снег, Дедо мраз денес ни донесе сонце во Гевгелија. Да се надеваме дека наредната 2014 година ќе биде сончева година со многу љубов и разбирање.

Лепа Џундова дописник на МРТ од Гевгелија