Трето последователно реми
Двајцата шахисти денеска одново излегуваат на мегдан...

На мечот за титулата светски шаховски првак кој се игра во Сочи, по 9-та партија соодносот на силите останува ист. Магнус Карлсен во мечот со Вишванатан Ананд води со 5:4. Бо деветтата партија, во која Карлсен ги водеше белите фигури неочекувано брзо, после само 20 одиграни потези противниците склопија примирје. Тоа е третото реми едноподруго, во досега најбрзо завршената партија од мечот.
„Од позицијата, која настана на таблата, не можев да видам шанса за игра за победа.Со секој нов полвина поен сум поблиску до одбарана на титулата и затоа овој резултат не е воопшто лош“- прокоментира по завршувањето на партијата Магнус Карлсен.
„Знам да сметам, знам каков е резултатот и затоа мислам дека сеуште не е се готово“- беше изјавата на Ананд.
Двајцата шахисти денеска одново излегуваат на мегдан. Ќе се игра 10-та партија во која почетниот потег ќе го има Ананд. Мечот во Сочи е предвидено да се игра во 12 партии.
