Денеска ќе се знае дали се вршел реекспорт кон Русија

21.11.2014 10:46

Oд Министерството за транспорт и од Царината треба да се добие одговор за евентуално кршење на руското ембарго за увоз на европски земјоделски производи на рускиот пазар...

Денеска треба да се добијат официјални информации од владата дали се вршел реекспорт на зеленчук и овошје од земји на ЕУ кон Русија.

По реакцијата на руските власти, од Министерството за транспорт и од Царината треба да се добие одговор за евентуално кршење на руското ембарго за увоз на европски земјоделски производи на рускиот пазар.

Руските власти посочуваат на увоз на компири и на јаболка.

Според извори од руско македонското здружение не е евидентиран извоз, но информациите треба да се проверат.