Обама контра републиканците- одобри 5 милиони имигранти да останат во САД

21.11.2014 11:06

Обама досегашниот имиграциски систем го нарече руиниран. Тој ги отфрли критиките на републиканците дека неговата одлука го заобиколува Конгресот...

Американскиот претседател Барак Обама го искористи дискрeционото право и ги објави активностите со кои им се овозможува на петте милиони илегални мигранти  во САД привремено да избегнат закани за депортирање. Приоритет за депортација остануваат лицата осомничени за тероризам, криминал и членови на криминални групи.

„Ако сте во Америка на повеќе од пет години, ако имате деца кои се американски граѓани или имаат законски престој, ако се регистрирате, немате кривична позадина, фер подготвени да плаќате удел во даноците, тогаш сте во можност да барате престој во оваа земја привремено без страв од депортација. Можете да излезете од сенката и да добиете право загарантирано со закон“, изјави претседателот Обама.

Обама досегашниот имиграциски систем го нарече руиниран. Тој ги отфрли критиките на републиканците дека неговата одлука го заобиколува Конгресот и оти издава наредба еднаква на амнестија за незаконски имигранти. Водечките ТВ мрежи во САД го игнорираа вчерашниот говор на Обама за имиграциска политика.

Додека траеше говорот десетици лица се собраа пред Белата куќа изразувајќи му благодарност на Обама.