Потврдено: Во Бугарија нема ебола
21.11.2014 11:28
Информацијата ја потврдија и од Министерството за здравство на Бугарија.

Нема ебола во Бугарија. Отпаднаа сомнежите за мажот кој се вратил од Сиера Леоне. Резултатите на хоспитализираниот се негативни на смртоносниот вирус.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за здравство на Бугарија. Во меѓувреме издадена е мерка на внимателност, сите кои се враќаат од земјите погодени со ебола треба да ја следат здравствената состојба.
25 лица кои контактирале со мажот беа ставени во карантин за нављудување.
