„Жизел“ утревечер на сцената на МОБ
Праизведен во Париз, во 1841 година, тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.

Утревечер со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.
Праизведен во Париз, во 1841 година, тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во „Жизел“ ќе настапат Примабалерината Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Ивана Коцевска, Па де де: Ангела Велевска и Гиорги Беридѕе (Грузија), Батилда: Билјана Пашариковска, Оружоносец: Драган Кочоски.
Настпуваат солисти, балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.
