Акција на УЈП во Студеничани и Драчево, глоба за неколку угостителски објекти
За време на асистенцијата во неколку објекти во селото Студеничани се собрала поголема група граѓани при што исите започнале да фрлаат со камења кон службено возило на МВР...

Угостителски објекти во Студеничани и Драчево синоќа беа под лупата на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.
На инспекторите има асистирале полициски службеници. Се чешлала документацијата и дали се почитиваат законите.
Во неколку локали биле констатирани неправилности, а биле издадени и покани за наплатa на глоба по закон за пушење во угостителски објекти.
За време на асистенцијата во неколку објекти во селото Студеничани се собрала поголема група граѓани при што исите започнале да фрлаат со камења кон службено возило на МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Наташа Гркова – Петрушевска
