Охридскиот екс градоначалник и неговите соработници пред судија во Кривичниот суд во Скопје

21.11.2014 12:30

Одделението за организиран криминал при МВР утврди дека екс градоначалникот и неговите соработници се стекнале со противправна имотна корист од околу два милиони евра...

Поранешен градоначалник на Охрид и десетина негови соработници, во акција на МВР, утрово беа приведени поради сомнение за криминал поврзан со јавните набавки во Општина Охрид.

Осомничените од утрово се пренесени во Скопје, каде што се очекува во Кривичниот суд да се појават пред судија во претходна постапка.

Одделението за организиран криминал при МВР утврди дека екс градоначалникот и неговите соработници на овој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу два милиони евра.

МВР најави дека во текот на денот ќе излезе со повеќе детали за акцијата.