Започнаа 47-те Детски Рацинови средби
Младите поети се собраа во Велес. Чествувајќи го Рацин и неговото дело тие се дел од 47-то издание на Детските Рацинови средби. Наградите за најдобрите се важни, но многу поважни се дружбите меѓу младите...

Повторно се преплетоа детскиот џагор и стиховите на Рацин во сокакот каде во минатото секојдневно минувал поетот. Спомен куќата- интерсно место за учесниците на 47-те Детски Рацинови средби. Допирот на глината за децата било вреќање во Рациновото време.
„Оваа куќа ме потсетува на старите времиња кога живеел Кочо Рацин, кога ги правел грнчињата и како творел тој.“
„Песните на Коста Солев Рацин иако се напишани многу одамна денес се многу актуелни, тој во нив пишува за слободна Македонија и тешкиот живот“, велат анкетираните учесници.
Љубовта кон творештвото спојува уште една генерација основци со нивниот идол.
„Коста Солев поет наш бил и секако сеуште ни е мил. Тој прекрасни има песни и за рецитација и не се толку лесни“, рече Елена Ивчева, дете- поет.
Овие Детски Рацинови срдби не се јубилејни, но се издвојуваат од останатите по тоа што се одржуваат во годината кога Велес чествува 75 години од печатењето на „Бели Мугри“.
„И по цели 75 години тие се исто толку вредни и значајни за македонците и Македонската култура и токму затоа се наша книжевна библија, задолжителна лектира на сите генерации македонци“, вели Нада Трајкова, Општина Велес.
Со секое дело создадено од учесниците на Рациновите средби се збогатува детската литература. Годинава огромен бил бројот на пристигнати творби. Најдобрите беа наградени.
„Рацин не собира сите нас овде, сите кои сме негови почитувачи продолжувачи на неговото дело и на некој начин не сплотува“, рече Игор Крајчев, организациски одбор на детски Рацинови средби.
Детските Рациновите средби продолжуваат и утре со традиционалниот Поетски караван во сите основни и средни училишта како и промоција на книгата „Ојле Брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров.
Дијана Иванова
