Пожар во зграда во Чаир, има повредени
21.11.2014 13:01
На петиот, шестиот и седмиот кат пожарникарите имале проблеми со евакуацијата на жителите,

Огнена стихија зафати зграда во општина Чаир на улицата Џон Кенеди. Горат три ката, а пожарникарите ги евакуираа граѓаните.
На петиот, шестиот и седмиот кат пожарникарите имале проблеми со евакуацијата на жителите.
Пожарот, кој зафати најмалку четири стана е ставен под контрола.
Според изјави на очевидци, во пожарот има и повредени
Екипи на противпожарни единици се уште се на местото на настанот.
Засега нема информации што го предизвикало пожарот ниту за причинатата материјална штета.
