Ѓорѓиев: Саеми за вработување во Струмица и во Битола

21.11.2014 13:38

Ваквиот начин на претставување на компаниите дава добри резултати...

Продолжуваат саемите за вработување. По одржаните четири во Скопје, Неготино, Охрид и во Штип, наредните ќе се одржат во Струмица и во Битола.

Ваквиот начин на претставување на компаниите дава добри резултати. Досега се вработиле 160 лица, вели владиниот гласноговорник Александар Ѓорѓиев.

Портпаролот на Владата истакна овие саеми и натаму продолжуваат како место каде се одржуваат организирани средби меѓу понудата и побарувачката на работна сила.