Кошарка – НБА

Победи на Клиперс и на Сакраменто!

21.11.2014 14:03

„Клиперс“ го совладаа Мајами со 110:93 благодарение на одличната прва четвртина којашто ја добија со 39:15...

Два НБА натпревара во коишто, Клиперс славеа во Мајами, а Сакраменто дома го совлада Чикаго.

По триумфите на сите шест натпревари, „Булс“ конечно загубија на гости. 103:88 за „Кингс“ затоа што четворица од првата петорка постигна двоцифрен број поени. Најефикасен беше Демаркус Казнс со 22 коша и 14 скока, Руди Геј оствари 20 поена и 7 скока, Дарен Колинс реализираше 17 поени и 12 асистенции, а Бен Меклемор уфрли 11 коша. Од стартерите „потфрли“ само Џејсон Томсон со три поени. Најпрецизен на мечот со 23 поени беше кошаркарот на Чикаго, Џими Батлер. Центарот на гостите, Жоаким Ноа повторни имаше повеќе скокови – 11, од поени – 10.

„Клиперс“ го совладаа Мајами со 110:93 благодарение на одличната прва четвртина којашто ја добија со 39:15. По 26 поени за гостите постигнаа Блејк Грифин и Крис Пол кој придодаде и 12 асистенции. Прв стрелец на дуелот беше ѕвездата на „Хит“, Крис Бош со 28 коша.

На „истокот“ најдобар ефект има Торонто со 9 победи и два пораза, Чикаго е трет со 8-4, а Мајами седми со по шест триумфи и загубени мечеви.

Во западната конференција лидер е Мемфис со однос 10-2, Клиперс се седми со 7-4, додека деветопласираниот Сакраменто има пораз повеќе.