Министерот Попоски оствари средба со Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ
Министерот Попоски ја реафирмира посветеноста на Македонија за придонес кон промоцијата на мирот и стабилноста на глобален план...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес имаше средба со Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русије, кој се наоѓа во дводневна посета на Република Македонија.
Министерот Попоски ја реафирмира посветеноста на Македонија за придонес кон промоцијата на мирот и стабилноста на глобален план преку конкретно учество во Надворешната безбедосна и одбранбена политика на ЕУ. Во овој контекст, посебен акцент беше ставен на осумгодишното учество на нашата земја во воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина и повторното учество во Борбената група на ЕУ во текот на второто полугодие на 2014 година. Исто така, министерот Попоски го подвлече придонесот на државата и во операциите предводени од други меѓународни организации (НАТО – ИСАФ во Авганистан и ОН – УНИФИЛ во Либан).
Генералот де Русије ја поздрави посветеноста на Република Македонија за учество во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, како можност за промоција на нашата земја на меѓународната сцена и продлабочување на соработката со земјите-членки на Унијата на воен и политички план.
