Пожарот во Чаир целосно изгаснат
Според првичните информации, избувнал во испоставата, односно помошните скали на петтиот кат од висококатницата...

Пожарот, кој избувна денеска во зграда во скопската населба Чаир и зафати најмалку четири стана, е целосно изгаснат.
Според првичните информации, избувнал во испоставата, односно помошните скали на петтиот кат од висококатницата и се ширел нагоре поради што едно шестчлено семејство било заробено во стан на деветтиот кат.
Командантот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, изјави дека не е дозволено пожарот да се прошири, а пожарникарите успеале да ги евакуираат и лицата од погорните катови на зградата, и покрај препреките.
По пријавата во противпожарната бригада на лице место излегле 54 пожарникари со 15 противпожарни возила.
