Потпишан договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Словачка
Работодавачите и работниците нема да плаќаат двојно осигурување...

Министрите за труд и социјални работи на Словачка и на Македонија го потпишаа Договорот со кој се осигурува остварувањето на правото на самостојна старосна пензија, остварена во една од државите.
Работодавачите и работниците нема да плаќаат двојно осигурување.
Со склучувањето на Договорот ќе се регулираат односите во областа на социјалното осигурување меѓу Република Македонија и Словачка Република и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства.
Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”.
Истиот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на невработеност, детски додаток и осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест.
