Изгаснат големиот пожар во Чаир, спасени деца и станари на опожарената зграда
Противпожарната бригада успешно ги извлече од пламените јазици сите што беа заробени во своите домови. Благодарение на добро координираната акција на институциите во првиот налет беа евакуирани едно бебе и сопружници со инвалидитет...

По вистинска драма пожарот е изгасен. Противпожарната бригада успешно ги извлече од пламените јазици сите што беа заробени во своите домови. Благодарение на добро координираната акција на институциите во првиот налет беа евакуирани едно бебе и сопружници со инвалидитет.
Најголемата битка беше за евакуирањњ петте дечиња, кои останаа на поткровјето.
„На повеќе фамилии животот им беше во опасност, каде во поткровјето имаше заробено цела фамилија со мали деца, од новороденче па до 10-12 годишни, со нивната, баба и мајка каде пожарникарите максимално се ангажираа пожарот да не се прошири во самиоt стан“, рече Командантот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски.
На моменти стануваше многу крично пукаа стаклата на прозорците течеше вода, а чадот беше најголемиот непријател на пожарникарите.
Некои при евакуирање се повредија. Амбулантните коли наизменично ги преземаа.
Оние коишто живеат овде им се придружија на институциите во нивната координирана акција за да ги спасат животите на оние кои останаа заробени од огнената стихија.
За причините се шпекулираше. Некои велеа дека слушнале експлозија, други го тврдеа спротивното.
„Немаше експлозија, туку самите лимови од самото горење почнаа да пукаат“, вели жител на Чаир.
После акцијата МВР го обезбедуваше местото. Ќе се утврдува колакви се штетите и што го предизвикало пожарот.
Фиљана Кока
