Во тек е процедурата за изборот на воени атешеа
Ресорниот министер најави дека во најкус рок ќе биде определено кој и каде ќе биде распределен...

Во процедура е изборот на воените атешеа за пополнување на испразнетите места. Ресорниот министер најави дека во најкус рок ќе биде определено кој и каде ќе биде распределен.
„Во министерството веќе и развивме програма за подготовка на воените атешеа коишто ги испраќаме во странство. Краток интензивен двонеделен курс со што ќе им помогнеме да бидат уште поефикасни во извршувањето на нивните работни задачи“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.
Република Македонија продолжува со учеството во Авганистан. Офицери и војници ке партиципираат во новата мисијата ,,Решителна поддршка‘‘ што според најавите треба да започне од 1 јануари идната година. Бројот на мировниците дополнително ќе се утврди. Подготовките на војниците кои ќе учествуваат во мисијата траат веќе неколку месеци. Вели Јолевски. Во мисијата ИСАФ Македонија учествува од 2003 година и е една од 4 те земји со најголем број на војници по глава на жител.
Сања Спиридонова
