Мајката на претепаното девојче кај Бит Пазар бара доживотен затвор за убијците

21.11.2014 16:35

Доживотен затвор побара мајката на девојчето кое во март годинава беше претепано до смрт од соседите...

Се нафатила да ги брани сопружниците обвинети за убиство, но, не знаела дека по новиот закон и требаат најмалку пет години искуство. Адвокатка - почетник го одложи стартот на судењето за бруталното убиство на три годишното девојче од скопски Бит Пазар. Обвинителот и судијата и цитираа одредби од новиот ЗКП за да и укажат дека нема право да ги застапува обвинетите кои сега мора да бараат нов бранител или судот ќе им додели по службена должност. Мајката на девојчето кое во март годинава беше брутално претапано до смрт, за соседите побара доживотен затвор.

„Од судот ќе барам да бидат во затвор додека се живи, така како што ме оштетија мене така и јас сакам нив да ги оштетам“, изјави Садие Саитова, мајка на убиеното девојче.

Обвинетиот Џемаил Ибраими е без државјанство со привремен престој во земјава и татко на четири деца. Последното го добил пред две недели, па затоа невенчаната сопруга Јасмина Махмуд која е второбвинета се брани од слобода. Забранет им е и секаков контакт со трите малолетни деца кои во згрижувачки семејства.

„Апсолутно дека се приклучуван кон крвичен прогон, тоа е трагичен настан. Премногу е жалосно, така да без зборо ви сум“, рече Мирјана Јосифовиќ, адвокат на оштетените.

Револтирани затоа што им се измокрило на теписонот, обвинетите со клоци, тупаници и со кабел го тепале девојчето се додека не починало, а на мајката и кажале дека паднало по скали.

Анита Димитријевска