Започна да се изведува интервентна кардиологија во Тетово

21.11.2014 18:17

Целта е да се намали листата на чекање на скопска клиника и сложените операции на срцето да се извршуваат во повеќе градови во земјава...

Проектот за отварање мрежа од одделенија за интервентна кардиологија продолжи и во Тетово. Во клиничката болница веќе функционира вакво одделение на кое се извршуваат операции и се спасуваат животи. Целта е да се намали листата на чекање на скопска клиника и сложените операции на срцето да се извршуваат во повеќе градови во земјава.

„Во клиничката болница во Тетово за прв пат започнаа да се изведува интервентна кардиологија, како што се ангиографија и стентирање. Веќе се сработени седум пациенти, од коишто пет добиле стент, што значи дека во клиничката болница во Тетово се спасени пет живота“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.