По снежното невреме во САД следува период на поплави?

22.11.2014 00:05

Екипите за брзи интервенции стравуваат од дождови кои со ниските температури можат да предизвикаат голомразици но и уривање на некои оштетени градби...

Додека американците ги санираат штетите од невремето, во кое тринаесетмина го загубија животот, изутрината нови снежни врнежи. Екипите за брзи интервенции стравуваат од дождови кои со ниските температури можат да предизвикаат голомразици но и уривање на некои оштетени градби.

„Имаме најави дека ќе стане потопло во сабота, снегот ќе почне да се топи. Оваа вонредна состојба не е завршена. Можеби ни следува период на полави“, рече Марк Полонкарц, областен градоначалник.