Има ли потреба од литургии на албански во мавровско?

22.11.2014 16:08

Нема потреба од богослужба на албанси јазик во црквите и манастирите во мавровскиот регион. Од здружението Мавровско – Горнорекански крај тврдат дека таму нема православни албанци...

Баба Вида има 86 години. Живее во селото Трница во мавровско – реканскиот крај, а родена е во Кракорница. Раскажува дека од секогаш живеела во средина во која имало и православни и муслимани и секогаш се почитувале едни со други.

„Башка нивната, башка нашата вера. Имале слога, а не кавги. Само на македонски јазик, со попови, за венчавки, крштевки, погреби... секогаш“, раскажува Вида Пејоска – Жителка на Трница.

Да го посетиме овој крај не поканија од здружението „Мавровско – Горнорекански регион“. Бевме во манастирот Свети Никола во Трница, чии конаци се во изградба. Слушнале за иницијативата да се одржуваат богослужби на албански јазик во црквите и манастирите во мавровско. Еве што мислат за тоа:

„Јас ги почитувам моите сограѓани од Албанија, но тие во нивната земја нека држат богослужби на албански. Меѓутоа во мојот крај, мислам дека целиот народ ќе седи позади мене, дека никогаш нема да се одржи таква литургија“, рече Анѓелко Пејовски – Здружение „Мавровско – Горнорекански регион“.

Жителите на некои мавровски села со кои поразговаравме, тврдат дека нема никаква потреба од литургии на албански јазик, зошто, според нив, овде нема православни албанци.

„Овде нема православни албанци, овде се сите православни македонци“, вели Јован Јованоски – Жител на Врбен.

Од здужението „Мавровско – Горнорекански регион“ велат дека не се согласуваат со ваквата одлука. Ќе докажувале дека жителите од овој крај немаат потреба од богослужби на друг јазик, освен македонскиот.

Зоран Јованоски