Прва Македонка во Вилсон Вудроу центарот во Вашингтон

22.11.2014 16:16

Престичниот Вилсон Вудроу центар во Вашингтон е морот на политиката и јавното мислење во Соединетите Американски Држави. За првпат во овој центар на студеиски престој има и една Македонка.

Лидија Левковска Франклин е првата Македонка на академски престој во престичниот Вудроу Вилсон Центар во Вашингтон. Таа е експерт во областа на одбраната и НАТО интеграциите со концентрација  на Југоисточна Европа, Евроазија и Русија.Лидија заминува од Македонија на доспецијализација за јавна админситрација на американскиот универзитет Хавард
 
„Мојот академски престој во Вудроу Вилсон центарот има за цел размена на искуства со експерти од областа на меѓународните односи, надворешната политика, одбрана и безбедност. Конкретно работам на проект кој го следи процесот на ктреирање на политики за родова еднаквост во областа на безбедноста и одбраната во Југоисточна Европа, а во согласност со резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече Лидија Левковска Франклин.
 
Пред доаѓањето во Америка, Лидија работи како советник за одбранбена политика и планирање при консултантската куќа Буз Ален и Хамилтон, коишто заедно со Советодавниот тим на НАТО помагаат при одбранбените реформи и за членство на Македонија во Алијансата.
 
„Во соработка со НАТО Советот на Канада, Евроатланскиот Совет на Македонија и Институтот за истражување и опшествени иновации ИМПАКТ, работам на проект кој ќе ги идентификува лидерите меѓу земјите членки и партнери на НАТО кои вложуваат сосдветни ресурси за развој на капацитет за поголема застапеност на жените во одбранбените структури“, вели рече Лидија Левковска Франклин.
 
 
Лидија по завршувањето на студискиот престој во Вашингтон, заминува за Саудиска Арабија каде има основано своја невладина организација „Франклин и Асаја„ која во соработка со УНДП работи на иницирање на обука за дипломати за министерството за надворешни работи на оваа блискоисточна земја.
 
Лидија Левковска Франклин иако живее надвор од Македонија, активно ги следи случувањата во татковината и помага преку организациите на иселениците во дијаспората.
 
Ирина Гелевска