Шест млади лица влетаа во Дунав - Тројца го загубија животот, тројца се спасија
Две момчиња и една девојка загинаа. Нивните тела се извлечени од автомобилот кој е на длабочина од 5 метри, додека третото настрадано лице се наоѓа во багажникот од БМВ-то...

Три млади лица утринава (03.43) го загубија животот кај населбата Ада Хуја во Белград, кога автомобил марка БМВ со 6 патници на возраст од 16 до 20 год.под непознати околности влета во Дунав. Две момчиња и една девојка загинаа. Нивните тела се извлечени од автомобилот кој е на длабочина од 5 метри, додека третото настрадано лице се наоѓа во багажникот од БМВ-то.
Од водата успеале да испливаат и да се спасат 19-годишно момче со хипотермија и знаци на агресија, како и 18-годишна девојка и момче од 20-год-исто така со хипотермија, кои се наоѓаат во Ургентниот центар во Белград. Возачот на автомобилот на возраст од 19 год. се наоѓа кај истражен судија-кој треба да ги разјасни причините за оваа трагедија. Според неофицални информации, возачот бил под дејство на алкохол и немал возачка дозвола. Несреќата се случила кај ресторанот Царска Охота, а на патот од каде младите имаат слетано нема траги од кочење.
