Спречен обид за шверц на девизи и дрога
Непријавените девизи биле во личната торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса...

Вчера при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблички, пријавено за излез од државава, кај македонска државјанка се пронајдени 190 илјади евра. Непријавените девизи биле во личната торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса.
Истиот ден пак околу 12 часот, на граничниот премин Блаце при претрес на патничко возило марка „Опел Астра“ со германски регистарски таблички е откриена дрога. Била скриена на задните седишта под тапацирот. Пронајдени биле седум пакувања марихуана. Двајцата германски државјани дрогата требало од Косово да ја пренесат во Германија. Нејзината вредност на западно европскиот нарко пазар се проценува на околу 20 илјади евра. Лицата се приведени и ќе заработат кривични пријави..
