Немањето на сопствено живеалиште проблем за пензионерите од Источна Македонија

22.11.2014 16:31

Потребата од туѓа нега како и немањето на сопствено живеалиште се проблем на повеќе пензионери од источниот регион на земјава. На овој потег нема ниту еден пензионерски дом, а дружбата, контактите и разонодата најчесто ја остваруваат во повекето клубови за стари лица.

Може младите одат побргу, но старите го знаат патот. Тие се како библиотеки кои го чуваат сето животно искуство и мудрост. Годините кои им натежнале на грбот, не го повинуваат нивниот дух. За пензионерите фрлениот зар и поделената карта не се само прашање на среќа, туку прашање на дружба и социјален живот.

„Тука ќе си дојдеме два три саати, ќе станеме и ќе си одиме, утре пак исто.“

„Како стари луѓе убаво си поминуваме, шах, карти домино и така“, велат анкетираните пензионери.

Освен што се рекреираат во петте пензионерски клубови во Струмица, старите лица, често и патуваат, спортуваат, музицираат. Од Здружението на пензионери велат дека со 10.000 членови, 16 клубови тие се осмо здружение по големина во Македонија. Освен финансиите, и станбеното прашање е проблем за најстарите лица.

„Имамае десет стана по 45 квадрати во кои живеат пензионерски станови, сакаме да ја реновираме. Да се изградат уште 30 стана“, вели Данче Даскаловска од Здружение на пензионери Струмица.

Старски дом во Струмица и воопшто во Источна Македонија не постои. Од општината велат дека и покрај донесениот детален урбанистички план во 2010 година, не го добиле на трајно користење објектот на струмичката касарна, каде што планираа изградба на старски дом. За станбено и парично незгрижените лица помага и ресорното министерство.

„Бидејќи неможе сами да приготват оброк се вклучени во проектот на народна кујна кој го има во Струмица, а дел од нив се корисници на социјална помош“, вели Кирил Поптрајков, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Во регионот, 23 лица се семејно незгрижени, а 42 материјално необезбедени.

Катерина Дафчева