Бегањето и агресијата карактеристични за учениците од дисфункционални семејства
Учениците од дисфункционални семејства своето незадволство го манифестираат со бегање од настава и агресија. Детето бегајќи од домот и училиштето, станува дел од врсничките групи. Половина од нив завршуваат во воспитно поправни установи, дел од нив во зтавор.

Според стручните служби во училиштата во секоја парелка има од 2 до 3 деца, кои имаат асоцијално однесување. Надлежните велат, успеваат да ги решат проблемите, но оние посложени ги праќаат во повисоки институции.
Бегањето и агресијата се аларм дека во семејството нешто не е во ред. Родителите и не мора да се разведени, не мора да има алкохоличар или пак, зависник од дрога во домот, доволно е само да не зборуваат меѓу себе за детето да почне да го покажува незадоволството, вели Божица Ристевска која три децении е училиштен педагог.
„Ја интензивираме соработката со ученикот и неговото семејство. Еднаш седмично работиме со ученикот и со родителите, односно старателите. Кога ќе го постигне посакуваниот резултат постапката завршува“, вели Божица Ристеска, педагог во ДСПЕУ „Васил Антевски Дрен“.
Во средното училиште „Васил Антевски- Дрен“ велат дека ги надгледуваат учениците.
„Единици и бегање од часови, тоа се најчестите пробеми со кои соочуваме во нашето училиште. Посериозни проблеми нема“, рече Александар Мијоски, професор по економски предмети во ДСПЕУ „Васил Антевски Дрен“.
„Секои две недели имаме состаноци со класните раководители, со педагошката служба, каде што ја разгледуваме состојбата на оние деца кои имаат проблеми“, вели Александар Канурков, директор на ДСПЕУ „Васил Антевски Дрен“.
Повеќе од 3 проценти од случаите се префлаат во центрите за социјални работи. Таму велат дека детето бегајќи од домот и училиштето, станува дел од врсничките групи.
„Не знаејќи како да се докаже, како да биде победник, преку насилно однесување се обидува да се наметне“, вели Марија Ристеск, Центар за социјални работи.
Тоа е веќе сериозен проблем кој произлегува од дисфункционалноста на семејството, велат социјалните работници. На дел од тие деца е тешко да им се помогне, па тие завршуваат во поправни домови.
Наташа Јанчиќ
