Ченто ќе добие нова црква "Света Лидија Македонска"

22.11.2014 16:46

Во населбата „Ченто“ беше поставен камен темелникот на црквата „Света Лидија Македонска“ првата жена што го примила христијанството...

За да не се заборават првите христијани и во чест на првите луѓе што му се посветиле на Христа, во населбата „Ченто“ беше поставен камен темелникот на црквата „Света Лидија Македонска“ првата жена што го примила христијанството.

Цркавата почнува да се гради на местото каде што до пред неколку години имаше  стари  гробишта. Архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан го појасни некогашното значење на гробиштата за христијанството.